Доминик О’ Брајан е познат како човек со совршена меморија и токму поради тоа му е забранет влезот во коцкарниците во Лас Вегас.
Овој 59-годишен човек во период од десет години осум пати го освоил Светското првенство во паметење и е Гинисов рекордер.
Во Велика Британија е познат како Господин Меморија.
Училиштето го напуштил на 16 години, а со проучување и мемориски вежби започнал да се занимава сосем случајно на 30 години, откако на телевизија видел како еден човек меморира карти за краток временски период.
По една година и самиот се нашол во Гинисовата книга на рекорди, а оттогаш почнуваат неговите успеси поврзани со меморијата.
Има напишано неколку книги во кои ги пренесува своите знаења и техники на паметење.
Денес се занимава со тренирање на разни експерти, јавни личности и студенти покажувајќи им како да си ја подобрат меморијата и когнитивните способности.
И додека ќе остане запаметен како човекот со најдобра меморија, тој не може да си ја проба среќата во коцкарниците во Лас Вегас, но и во светот.
„Во повеќето коцкарници во светот знаат за моето фотографско паметење и влезот ми е забранет. Но, тоа и не е толку голема трагедија“, вели тој.