Канадски камионџија измислил револуционерни гуми кои значително ќе ги намалат проблемите на неискусните возачи.
Паралелното паркирање создава тешкотија дури и за искусните возачи. Тоа го натерало Вилијам Лидиард да ги создаде овие “луди” тркала. Цевките кои се наоѓаат на нив се компатибилни за сите автомобили.
Еден пар од овие тркала вреди 8.000 долари што делува како висока цена на прв поглед, но кога ќе ги осетите позитивните ефекти ќе видите дека цената е оправдана.