Бројните инстаграмџии кои сакаат да станат инфлуенсери, постојано се во потрага по нови, интересни локации каде ќе направат незаборавна фотка и ќе соберат нови следбеници.
Едно од „откритијата на годината“ беше т.н. Сино Езеро кое со неговата азурна боја се чинеше идеална локација за ловење следбеници.
Но, многумина кои се сликаа, дури и се капеа овде не знаеа дека тоа не е езеро, туку стариот, напуштен рудник Монте Неме кој е полн со вода што добива спектакуларна боја поради хемиската контаминација на почвата.
Луѓето кои влегуваа во водата, се изложиле на токсини што предизвикаа стомачни проблеми и осипи на кожа.
Еден од инстаграмџиите кои влегле во загадената вода добил алергиска реакција поради која бил хоспитализиран две недели, но тој изјавил дека „вредело за фотографијата“.
Доктор од Итната служба на Болница во Коруња вели дека кратка изложеност на контаминираната вода може да предизвика осип на кожата, а подолго престојување во „езерото“ може да резултира со сериозни здравствени проблеми.
Тоа сепак не ги разубедува луѓето очајни за внимание и тие продолжуваат да одат таму и да си го загрозуваат животот само поради селфи за лајкови.