Интересен психолошки тест кој открива многу за вас

Замислете дека се наоѓате во шума, а пред вас има пат.

Земете молив и хартија и запишете ги одговорите на следните прашања.

Немојте многу да размислувате, туку запишете го она што прво ќе ви падне на ум.

Прашања:

Замислете дека одите со некого низ шумат.. Кој би можел да биде тоа?

Додека се движите низ шумата недалеку од себе забележувате животно. Кое е тоа животно?

Што се случува откако ви се сретнаа погледите?

Продолжувате да одите низ шумата. Излегувате на ливада каде сте ја забележале куќата од вашите соништа. Како ќе ја опишете нејзината големина?

Дали куќата од вашите сништа има ограда?

Влегувате во куќата. Одите во трпезаријата да ја погледнете масата. Опишете што гледате на него и околу него.

Ја напуштате куќата низ задната врата и гледате пехар на тревата. Од каков материјал е направен?

Што ќе направите со пехарот?

Доаѓате до крајот на дворот и оттаму гледате река. Колкава е реката?

Морате да ја преминете реката. Како ќе го сторите тоа?

Одговори:

Човекот што оди покрај вас – најважната личност во вашиот живот.

Големината на замисленото животно – всушност е големината на вашите проблеми во вашата потсвест. Колку е поголемо животното, толку ви е потежок животот.

Начинот на кој реагирате на неочекуваната средба во шумата – го покажува најдобриот начин за решавање на вашите постоечки проблеми (агресивен, пасивен или бегство).

Големината на куќата што сте ја забележале – тоа е големината на вашите амбиции. Ако таа куќа е преголема можно е да имате преголеми очекувања во животот.

Ако оградата не постои – вие сте отворен и слободен човек. Ако куќата има ограда – значи вие го цените личниот простор и тоа го очекувате и од другите. Односно, никогаш нема да влезете во личниот простор на другите без дозвола.

Ако во трпезаријата не сте забележале луѓе, цвеќе или храна, тогаш постои голема веројатност дека сте длабоко несреќни. Колку повеќе нешта има, тоа сте посреќни.

Цврстината и долговечноста на материјалот од кој што е направен пехарот покажува колку ви е силна врската со личноста што со вас шета низ шумата.

Она што вие ќе го направите со тој пехар во вашите мисли го карактеризира вашиот однос со човекот од прашањето број .

Големината на реката – тоа е големината на вашиот сексуален апетит.

Колку „повлажно“ ќе изберете да ја преминете реката, тоа е поголемо значењето на сексот во вашиот живот.

Овој тест можете да го правите на ново, на неколку денови. Веројатно некои одговори ќе се разликуваат од претхосните. Се работи дека овој тест ги одразува психолошките карактеристики на вашата личност, психо – емотивната состојба во дадениот миг.