Инцидент за Бритни Спирс: На сцената се појави луд фан со пиштол (видео)

Бритни Спирс доживеа инцидент за време на нејзиното шоу во Лас Вегас.

На сцената се појави маж кој наводно сакал да ја нападне пејачката која беше преплашена. Полицијата веднаш интервенираше и го приведе 37-годишниот Џеси Веб, кој е примен во психијатриска болица.

35-годишната Бритни на сцената ја пеела нејзината последна песна кога Џеси влетал на сцената.

Пејачката го прашува обезбедувањето дали тој има пиштол бидејќи таа наводно видела и поради тоа била преплашена.

Видеото од инцидентот се појави на интернет.