Познатиот модел Ирина Шаек ќе стане мајка оваа пролет, но нема да застане пред олтарот пред да се породи.
Извори тврдат дека убавата манекенка не сака да се омажи со труднички стомак, па решиле венчавката да ја закажат во август за Ирина да има доволно време да се врати во форма после породувањето.
Покрај тоа што ја закажале венчавката, Ирина и Бредли се договориле и како ќе го наречат своето прво дете.
Двојката решила на бебето да му го даде името по починатиот татко на Бредли.
Ако биде момче, ќе се вика Чарлс, а ако биде девојче, што Ирина повеќе би сакала, ќе се вика Чарли.