Без разлика дали ги сакате или не, чизмите „Uggs“ се тотален хит во зимските месеци.
Според многумина тие се најудобниот модел за носење, но се вистински предизвик кога треба да ги искомбинирате, а притоа да изгледате шик.
Модните стилисти ќе речат дека постојат четири едностави парчиња облека со кои лесно ќе ги комбинирате.
Па ако имате „Uggs“ или планирате да набавите во вашиот ормар треба да имате и: јакна или капут со богата текстура, oversize дуксер, едноставни фармерки или широка туника.
Погледнете како славните ѕвезди ги носат популарните чизми.