Фановите на Џастин Бибер беа уништени кога пејачот го затвори својот профил на Инстаграм.
Но, некои пак го прославија.
Канадската поп ѕвезда, беше мета на стотици шеги, откако го избриша својот профил заради негативните коментари на фотографиите со неговата нова девојка, Софија Ричи.
Џастин им даде ултиматум на 7.8-те милиони следбеници кои ги има на Инстаграм: „Оставете ја на мира или јас си заминувам“.
Илјадници корисници на социалните мрежи се израдуваа и го поддржаа во одлуката, споделувајќи ја нивната радост под хаштагот #JustinDeactivatedParty.