Ист пластичен хирург? Деми Мур и Кортни Кокс како сестри близначки

Деми Мур и Кортни Кокс од секогаш наликувале, но никогаш сличноста не била поголема.

Актерките овој викенд се појавија на роденденската забава на дизајнерката Џенифер Мајер, каде едвај се разликуваа.

Но, ова не е прв пат Деми и Кортни да се идентични.

Тие последен пат заедно позираа во јануари минатата година, но и во 2008-ма година каде фатени за рака позираа на црвениот тепих, а сличноста е неверојатна.

И Деми и Кортни се познати по љубовта кон естетската хирургија, па многу од фановите денес се шегуваат дека тие имаат ист доктор.