Истражувањето покажа, носењето заштитни маски ја намалува смртноста од коронавирусот

Истражување спроведено од американскиот Универзитет во Вандербилт покажа дека носењето маски ја намалува стапката на смртност од вирусот во некои подрачја најмалку двапати.

Во раните фази на пандемијата имаше недостиг на истражувања што ќе ги потврди придобивките од носењето маски кај населението во кои единствената разлика во примерокот ќе биде во тоа што дел од популацијата на земја со слична популација, култура и слични навики носи маски, а друг дел не.

Ваква студија конечно беше спроведена деновиве и објавена во вторникот од страна на научници од Универзитетот во Вандербилт. Тие откриле дека окрузите во сојузната држава Тенеси, кои не вовеле задолжително носење маски, забележале најмалку двојно поголема стапка на смртност од оние што бараат покривање на лицето.

Во моментов, во области без обврска да носат маски, се регистрираат повеќе од четири смртни случаи на 100.000 луѓе секоја недела, додека во областите што го усвоија ова правило во текот на летото, стапката на смртност е околу две лица неделно.

Во областите кои рано прифатија задолжително носење маска пред ширењето на епидемијата, во јули и август, стапката на смртност е близу една личност неделно на секои 100.000 луѓе. На пример, Несвил, кој ја воведе обврската на крајот на јуни, забележа 53 смртни случаи на 100.000 луѓе од март досега. Од друга страна, округот Клеј, каде нема обврска да се носи маски, забележа 223 смртни случаи на 100.000 луѓе од почетокот на пандемијата, најлошата стапка на смртност во државата.