Италијанска компир салата

Состојки:

500 гр компири
300 сланина, исечкана на коцки
4 домати, исечени на четвртинки
1/2 главица кромид
60 мл маслиново масло
4 чешниња лук
300 грама боранија, обарена
1/2 лажиче оригано
4 ливчиња ситно сечкан босилек
60 грама ситно сечкан магдонос
сол и бибер

Подготовка:

Сварете те ги компирите во зовриена и солена вода. Лукот и магносот ситно исечкајте ги. Кога компирите ќе бидат сварени, уште додека се топли излупете и исечете ги на четвртинки. Пропржете ја сланината, додека да се стопи маснотијата. Компирите зачинете ги со сол, бибер и додадете ги преостанатите состојки : лук, кромид, домати, сланина, оригано, магдонос, боранија.

Измешајте ја салатата убаво.

 

компир салата