Избегнал смрт: Леонардо ДиКаприо за малку ќе загинел

Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо за малку ќе загинел.

Инцидентот се случил уште во 2010 година за време на снимањето на документарниот филм “Пред потопот” на островите Галапагос.

Ди Каприо, заедно со колегата Едвард Нортон, океанографката Силвија Ерл и самиот Фишер одлучиле да се нурнат длабоко. Режисерот го замолил Лео да земе мала камера, за да ги снима.

Леонардо Ди Каприо

Глетката била потресна – виделе различни морски животни, но по околу половина час Фишер забележал дека има проблем со кислородното шише на холивудската ѕвезда.

“Забележав како Лео одвај дише, имаше одлив на кислород од неговото шише”, изјави режисерот.

Леонардо Ди Каприо

Сепак сè било во ред благодарение на брзата интервенција на Едвард Нортон.

Холивудската ѕвезда на неколку пати на шега споделила, дека е како мачките, односно има неколку животи. Тоа му помогнало барем три пати да ја избегне смртта.

Леонардо Ди Каприо