42-годишен човек од Зимбабве, прогласен е за најгрдиот човек во таа држава на изборот во еден локал во главниот град на оваа земја.
Но, натпреварувањето доби и „грд“ пресврт – второпласираниот бара повторување и тврди дека тој, всушност е најгрдиот.
Победникот, Мејсон Сере, облечен во облека која се распаѓа и без неколку предни заби, ја однесе победата во конкуренција на пет натпреварувачи и ја освои наградата од 500 долари како „Мистер Грд“.
Ова награда е прилично голема во оваа држава во која владее голема стапка на невработеност.
„Сакам да му се заблагодарам на Господ поради освојување на оваа титула, минатиот пат бев четврти“, изјавил Сере пред 200 присутни луѓе на изборот.
Второпласираниот Вилијам Масвин, троен победник, не е задоволен со утешната награда од 100 долари.
„Судите не беа фер, организаторите да побараат нови натпреварувачи и да го повторат натпреварувањето“, се пожалил тој.