Изгоревте на сонце? Со овие препарати намалете го црвенилото и болката

Изгорениците предизвикани од сончањето се чест проблем со кој сигурно сте се сретнале за време на вашиот одмор.

Еве неколку совети за кои веруваме дека ќе ви бидат од корист за побрзо да се ослободите од црвенилото и болката.

Природен лек број 1

На стерилна газа, нанесете масло од лаванда и ставете ја на проблематичната регија.

На секој час повторувајте ја постапката.

Се работи за природен антисептик, кој брзо ќе ве ослободи од незгодните изгореници.

Природен лек број 2

Три лажички суви цветови од кантарион, прелијте ги со 2 дл. маслиново масло.

Ставете ги потоа во стаклен сад и оставете да отстои две до три седмици седмици.

После тоа нанесувајте го на газа и лекувајте ги изгорениците.

Ова е многу ефикасно средство, но бара предвремена подготвка.

Природен лек број 3

Од пченично брашно и вода направете тесто и нанесете го на повреденото место.

Ова се користи за изгореници од помал степен.

Природен лек број 4

Во еден сад момешајте една чашка на обезмастено млеко и четири чашки вода.

Во смесата додајте неколку коцки мраз. Измешајте, ставете го на газа и директно на повреденосто место.

Облогата нека стои 15 минути, а потоа направете пауза од еден час и повторете ја постапката.

Корисни совети:

– Меурчињата кои настанале поради изгореници на кожата никако не ги оштетувајте

– Доколку забележите печење и црвенило на кожата тогаш станува збор за изгореница, не го изложувајте местото повторно на сонце

– Секогаш користете висок фактор на заштита за сонце

– Особено висок фактор на заштита треба да користат луѓето со светла боја на кожата бидејќи кај нив истата продуцира помалку меланин, а со тоа и намалена е заштитата

– Внимавајте на изложување на бемките на директна сончева светлина

– Не излегувајте директно на топло од климатизиран автомобил