Актерката Мерјем Узерли е самохрана мајка, откако нејзиниот екс вереник Кан Атеш ја остави додека беше бремена.
Од тогаш турскиот бизнисмен не сака да знае ништо ниту за актерката ниту за 2-годишната ќерка Лара.
Но, сега кога Кан е пред банкрот, Меријем реши да биде претпазлива.
Турскиот бизнисмен Кан Атеш ги оштетил клиентите за околу 86 милиони евра и побегнал во Мексико.
Мерјем се исплашила дека поранешниот сега ќе сака да ги „грабне“ и нејзините пари, па на ќерката во Германија ѝ отворила сметка во банката со два милиони евра.
Лара ќе ги добие парите кога ќе биде полнолетна.
Турчинката, која се прослави како султанката Хурем во турската хит-серија „Сулејман Величествениот“ редовно на Инстаграм објавува фотографии од својата миленичка.