Познатиот холивудски актер Бред Пит, ja поканил својата прва жена Џенифер Анистон на вечера во Лондон, соопштува „Ibtimes.co.uk“.
Според изворите на весникот, актерката го одбила поранешниот сопруг.
“Тој и ѕвонел и разговорот не бил долг. Џенифер му кажала на Бред дека таа го поддржува, но не треба да се гледа со него. Таа е среќна во сегашниот брак и средбата со Пит може да се сфати како навреда кон Џастин Теру”.
Потсетуваме дека во септември Анџелина Џоли поднесе барање за развод со Бред Пит, поради “ненадминливи разлики”.