Орландо Блум и Нина Добрев се новиот пар во Холивуд!
„Се знаат веќе извесно време, а неодамна започнаа и нешто што е повеќе од пријателство и сè меѓу нив е навистина опуштено“, вели извор за „People“.
За мајското списание на Elle UK, Блум прв пат проговори за меѓусебните разлики со Кети Пери, велејќи дека успеале да останат добри пријатели.
„Пријатели сме и тоа е добро. Сите сме возрасни. Тоа е нешто што се случи меѓу нас и подобро е на децата да им покажеме дека раскинувањето не подразбира и омраза“, рече актерот.