Ја расплака и најсуровата водителка: Шенон Доерти зборуваше за ракот (видео)

Популарната актерка Шенон Доерти гостуваше во ТВ-емисијата на Челси Хендлер, првпат откако откри дека боледува од рак.

Водитеката која е позната по остриот јазик и суровоста во интервјуата со познатите во еден момент дури и се расплака.

„Не плачи, те молам“, и кажа Шенон смеејќи се, а потоа продолжи:

шенон доерти

„Цело време мислев дека сум храбра и грациозна, но всушност се криев. Има денови кога навистина мислам дека нема да успеам, но, се обидувам да останам силна“, истакна актерката, позната по улогата на Бренда во хит-серијата „Беверли Хилс“.

Таа неодамна мораше да подлежи на мастектомија откако и’ беше дијагностициран карцином на дојка, но ракот се проширил, така што почнала и со хемотерапија.