Ја стопира кариерата: Мајкл Бубле ја напушта музиката додека неговиот син се бори со рак

Канадскиот пејач, Мајкл Бубле, ќе ја прекине својата музичка кариера додека неговиот син не се излечи од канцер.

Цел свет беше во шок кога канадскиот пејач објави дека неговиот тригодишен син, Ноа е болен од рак.

Мајкл Бубле со синот Ноа

Сега му претстојат четири месеци хемотерапија, а пејачот одлучи целосно да му се посвети на излекувањето на синот, за кој велат дека има 90-отстотни шанси да ја победи болеста.

„Тој нема да пее додека детето не му оздрави. Се затвори и мислам дека не ги ни проверува социјалните мрежи, но сигурен сум дека ја чувствува љубовта и поддршката која му ја испраќаат милиони луѓе“, рече неговиот пријател, музичарот Дејвид Фостер.

Мајкл Бубле и Лусиана Лопилато со синот Ноа