Јадранската ривиера успеа да ги маѓепса сите познати личности, а помеѓу нив е и славниот актер Бред Пит.
Актерот често ги потенцирал убавините на оваа земја, па одлучил својата љубов кон оваа држава да ја подигне на ново ниво.
Кога минатата недела пристигнал во Задар, тој го посетил местото коешто претставува потенцијален простор за неговиот луксузен развоен проект, во малиот град Заблаче.
Наводно, Пит сака да ја трансформира постоечката марина во ова место во луксузен хотел со бутици, вили, училишта и клиники.
Неговиот проект ќе чини околу 1.5 милијарди долари, а ќе понуди доволно место за 2.500 луѓе и е дизајниран така да биде eco-friendly.
Овој прочуен актер бил во придружба на реномираниот архитект Никола Башиќ, кој веќе дизајнирал бројни структури во Хрватска.
Љубовта на Пит кон архитектурата не е непозната, бидејќи актерот претходно направи пауза од својата холивудска кариера за да се занимава токму со дизајн, а исто така помогна во изградбата на 150 куќи во Њу Орлеанс после разорниот ураган Катрина.