Српски „Курир“ објави шокантни информации за пејачката Јелена Карлеуша, со кои тврдат дека таа е вмешана во убиството на новинарот Славко Чурувија.
Весникот пишува дека таткото на Јелена, поранешен министер за внатрешни работи, ја презел истрагата за случајот во кој била замешана неговата ќерка и ги скрил сите докази.
Како главен организатор се посочува политичарот Милорад Мркоњиќ, кој е сегашен партнер на пејачката Ана Бекута.
Тој наводно платил 80.000 тогашни марки да биде ликвидиран новинарот кој во деведесеттите години беше главен противник на режимот на Слободан Милошевиќ.