Состојки:
1 тиквичка
3 црвени пиперки
1 главица кромид
1 чешне лук
600 гр пилешко бело месо
2 средни компира
2 раце полни резанки или јуфки
сол бибер,копер,магдонос
мало парче корен од ѓумбир
Подготовка:
Исечете го пилешкото месо на тенки стапчиња. Ставете го во тава да се пропржи малку. Потоа додадете го сецканиот кромид на листови и ренданиот ѓумбир. Нека се динста на тивко. На страна исечете ги пиперките и тиквичката на ленти. Додадете ги во месото и продолжете да динстате. Исецкајте го едно мало чешне лук и додадете го во смесата. На страна исецкајте го компирот на ситни коцки и сварете го. Пред крајот на варењето додадете ги резанките и доварете се заедно. Откако се убаво ќе се издинста, месото со зеленчукот, тргнете го на страна и со лажица решетка додадете ги компирот и резанките. Зачинете и се убаво измешајте. Декорирајте со сецкан магдонос.