Јунакот од „Сам Дома“ конечно проговори за зависноста од хероин

Меколи Калкин кој се прослави во детскиот филм „Сам дома“ , тврди дека не бил тежок зависник од дрога како што го опишувале.

„Не трошев 6.000 долари месечно на хероин. Давав мошне помалку“ , тврди 35-годишниот актер.

Меколи додал дека не му е жал што не ја продолжил успешната кариера.

Актерот неодамна изјави дека денес неговото хоби се сликањето и пишувањето белешки.

„Правам се и сешто, но главно безделничам. Би можело да се каже дека веќе сум во пензија, па можам да си дозволам да живеам од ден за ден“, рекол Меколи.

Тој денес настапува со својот бенд и тврди дека не се дрогира. Само, како што вели, пуши марихуана.

меколи калкин