Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста за враќање на ракот на дебелото црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажаа резултатите од американско истражување.
Сите пациенти во тоа клиничко истражување се подложени на хируршки зафат и хемотерапија поради рак на дебелото црево во третиот стадиум, што покажува дека канцерогените клетки ги зафатиле и лимфните чворови во близина на туморот.
За тие болни научниците велат дека дневно пиеле најмалку четири филџани кафе секој ден (околу 460 милиграми кофеин) и тврдат дека кафето имало најголем ефект за намалување на опасноста за враќање на карциномот и тоа за 42 отсто.
Истражувањето се однесувало на околу илјада учесници кои одговориле на прашалникот за своите прехранбени навики на почетокот на истражувањето, за време на хемотерапијата и повторно една година подоцна.