Кајли Миног се мажи: Детали за свадбата со 20-години помладото момче

48-годишната Кајли Миног конечно ќе го каже судбинското „ДА“, а тоа ќе го направи на својот свршеник Џошуа Сас.

Парот веќе знае дека церемонијата ќе ја направи во јули, во Италија, а наводно веќе ги испратиле поканите.

Поради работните обврски, моментално живеат одделно.

Односно Џошуа моментално е во Грција, а Миног е во Лондон, но наскоро планираат заедничко патување.

кајли миног и џошуа

„Тој е фантастичен маж, а разликата во години не ја ни забележуваме“, рекла Кајли, која смета дека тие двајцата се создадени еден за друг.

Парот се вереше во февруари по едногодишна врска, а веќе планира да основа и семејство.

кајли миног и џошуа