Пејачката Кајли Миног се среќава “тајно” со братот на принцот Чарлс.
Приказна беше распространета од австралиско списание што успеало да добие информации од запознаени со аферата.
Веќе две недели пејачката останува често да преноќи кај него, пренесе медиумот.
Според изданието двајцата станале многу блиски “пријатели” по распадот на врската на Кајли во февруари и во моментот се неразделни, а принцот се “залетал 100 проценти” по неа.
Во моментов нема потврда ниту од австралиската поп-ѕвезда, ниту од Војводата за вистинитоста на информациите.