Кајли против Кајли: Австралијанската пејачка и забрани на Џенер да го патентира името

Кајли Џенер поднела барање за заштита на своето име како бренд, но тоа и го оспори пејачката Кајли Миног, тврдејќи дека тоа би го загрозило нејзиниот бренд.

Адвокатите на Кајли Миног поднеле барање до институциите во САД кои се надлежни за заштитата на интелектуалните права, тврдејќи дека ѕвездата од реалното шоу не може да го заштити своето име зошто Миног е позната пејачка, хуманитарка и активистка во борбата против рак на дојка, а Џенер е само споредна ријалити ѕвезда.

Институциите во САД веќе го одбија барањето на Кајли Џенер, но таа спрема жалба.

кајли миног