Наглите климатски промени кои се често присутни во нашето поднебје, му предизвикуваат огромен стрес на нашиот организам.
Главоболка, несоница, вознемиреност, замор… Ова се најчестите проблеми со кои многумина се соочуваат поради промената на времето.
Најосетливи на временските промени се луѓето со срцеви заболувања, астматичарите, оние кои имаат чир на желудникот…
Според најновите истражувања повеќе од 80% од популацијата е подложна на тегоби во овој период од годината.
Во продолжение, прочитајте ги препораките и советите од докторите, за полесно справување со овој „тежок период“.
Не одете на патувања и не се заморувајте со тешки физички работи или психички напорни обврски.
Доколку до работното место патувате со автобус, препорачливо е да излезете од дома порано за да не трчате по него. Во спротивно, поголем е ризикот од настинка.
Задолжително проветрувајте ги просториите во кои одмарате, со цел да ги „избркате“ вирусите од собата.
Внесувајте доволно течности и не ги прескокнувајте оброците. Избегнувајте алкохол и конзумирајте свежо овошје и зеленчук.
Облекувајте се слоевито, за да можете полесно да се раскомотите доколку се најдете во многу заграена просторија.
Спортувајте, така ќе му помогнете на вашиот организам да се прилагоди на зимските услови.