Како да го работите она што го сакате и да бидете платени за истото?

Многумина од нас се со став работењето на она што го сакаат и добивањето пари за тоа не одат заедно.

Најчесто, единственото што можеме да го направиме е да го поминеме слободното време правејќи го она што го сакаме како хоби, но да бидеме платени за тоа се смета за невозможно.

Постојано сме бомбардирани со идејата дека со цел да бидеме успешни треба да работиме напорно и да правиме големи жртви.

Но што ако во работата можете да додадете забава и радост? Што ако има и друга можност на која не сте помислиле?

Запрашајте се кои се нештата што ги правите лесно, што ви доаѓаат природно и што ги сработувате за многу кратко време? Спротивно на популарното верување, најверојатно овие нешта ќе ви донесат и најмногу пари.

Проблемот е што не мора да вложувате многу енергија, време и труд за овие работи, па мислите дека ако можете да ги правите вие, можат и сите други.

Ако добро ги погледнете успешните луѓе ширум светот, ќе сфатите дека повеќето се свои и го прават она што го сакаат, уживаат во она што го прават и го следат она за коешто знаат дека е возможно.

Кога ќе заработувате правејќи го она што го сакате, ќе се чувствувате подобро во врска со себе и ќе му помогнете на вашето здравје.

Можете да бидете добри во неколку нешта, но доколку не уживате во нив, веројатно нема да ви носат многу пари. Од друга, страна нешто коешто го гледате само како хоби може да стане одличен извор на приход, па дури и цел бизнис.