Како да ја прочитате пораката на Фејсбук а да нема “seen”

Опцијата „seen“ на чатот на Фејсбук открива дека сте ја прочитале пораката која ви била пратена и може да ве доведе до многу непријатни ситуации доколку не можете веднаш да одговорите, па треба да се оправдувате зошто не пишувате кога веќе сте ја прочителе.

Сега може да ги избегнете ваквите ситуации. Користете ја апликацијта „Facebook Unseen“, која ќе ви овозможи да ги проверите новите пораки без да оставите знак дека сте ги прочитале.

Facebook Unseen не е замена за основната апликација Facebook Messenger и служи само за преглед на пристигнатите пораки, но нема да ве открие дека сте ја прочитале, односно нема да има „seen“.

Оваа апликација е бесплатна за инсталирање за Android од Play Store.