Во овој зимски период, освен ковид пандемијата која ја зафати целата планета, во ек е и сезоната на настинки и грип.
Еве неколку совети како да го одржиме нашиот имунитет силен и балансиран и да останеме здрави!
Пијте многу вода
Водата помага во создавање на лимфа, која ги пренесува белите крвни зрнца и други клетки кои се дел од имуниот систем. Да се биде хидриран е една од најдобрите работи за вашето здравје.
Имајте добро балансирана исхрана
Потребни ви се многу витамини како, A, Ц, Д и Е како и миниралите селен и цинк и Омега 3 масни киселини за да се обезбеди поддршка за имуниот систем. Фокусирајте се на јадење на квалитетни животински протеини (ако не сте вегетаријанец) многу зеленчук, семиња како и многу свежо овошје. Суперхрани како полен од прополис, мака, микро алги може дополнително да помогнат.
Избегнувајте преработени меса, пржена храна, газирани пијалоци и преработени пецива кои најчесто содржат вештачки засладувачи и рафинирани шеќери.
Внесувајте многу витамин Ц
Свежо овошје и зеленчук се најдобри извори на витамин Ц, кој помага во зајакнување на имуниот систем и го оддржуваат телото здраво. Одлични извори на витамин Ц се боровинките, малините, цитрусот, кивите како и темно зелените зеленчуци.
Релаксирајте се и уживајте во животот
Хроничниот стрес и депресијата може да го ослабат имунитетот и да не направат ранливи на болести. Важно е да се одвои време за одмор и за уживање после напорната секојдневна работа и стрес.