Леонардо ди Каприо дефинитивно го живее сонот и е еден од најплатените актери на денешницата. Тој ги бира улогите кои му одговараат и се појавува каде и да посака, а тука се и регуларните состаноци со прекрасните супермодели кои често се дупло помлади од него.
Меѓутоа, тоа не значи дека популарниот актер е имун на вештините на способниот измамник кој успеал да се вовлече во неговиот круг на луѓе. Во книгата “Billion Dollar Whale: The Man Who Fooled Wall Street, Hollywood, and the World”, авторите Том Врајт и Бредли Хоуп нѝ пружаат увид во неверојатната приказна на финансиерот Џо Лоу – Малезиецот кој се вовлече во тимот на ди Каприо со употреба на милиони и милијарди украдени пари.
Во суштина, овој финансиер го подмитил својот пат до познатите кругови на популарниот актер, а неговата измама го финансирала и самиот филм за измамникот – “The Wolf of Wall Street”, за кој Лоу ги откупил правата.
Лоу успеал да украде пари од големите малезиски фондови за изградба на инфраструктура и да ги донесе до Леонардо и другите големи холивудски играчи во вид на прекрасни уметнички дела и забави на кои се појавувале луѓе како Канје Вест.
Некои од скапите подароци кои овој човек ги подарил на актерот вклучуваат и 3,3 милиони вредна слика од Пабло Пикасо за неговиот роденден, колаж од Жан Мишел Баскија вреден 9,2 милиони долари и Оскарот за најдобра машка улога на Марлон Брандо во филмот “On the Waterfront”.