Кинеските медиуми објавија видео од 60 секунди на кое е прикажано како болницата Хушеншан во кинескиот град Вухан е изградена за само осум дена.
Изградбата започна на 24-та јануари, а беше завршена во текот на викендот.
Втората болница ќе биде отворена на 5-ти февруари.
Болницата се протега на околу 25 илјади кварадратни метри, има околу 1000 болнички кревети и денес е пуштена во работа.
Потребата од овие болници се појави по аларманата состојба поради Корона вирусот.