Ким Кардашијан вчера ги отвори вратите од својот дом за забавата по повод нејзината нова линија на шминки, поточно сетови за контурирање.
Во вилата во Бел-Ер присуствуваа нејзините пријатели и семејство, а додека сите се забавуваа старлетата буквално се богатеше.
Ким за 5 минути заработи 14 милиони долари само од он-лајн продажбата на шминките, кои се разбира дека веднаш беа распродадени.