Како оскаровката го добила името Ема Стоун

Кога имала само 16 години, на оскаровката Ема Стоун и кажеле дека не може да го користи своето оригинално име, ако сака да биде актерка, заради австралискиот модел, диџеј и продуцент на албуми, Емили Скот.

„Па, да прашате 16-годишно девојче да одбере друго име, не е лесна работа. Ама, тогаш одма решив да се викам Рајли. Сакав моето име да биде Рајли“, раскажува актерката.

Ема Стоун

„6 месеци подоцна добив улога во „Malcolm In The Middle“. Кога првпат чув некој како довикува Рајли! Рајли!, а јас немав никаква претстава дека всушност мене ме викаат, знаев дека морам да го сменам името. Едноставно знаев дека не можам да се викам Рајли“, објаснува понатаму.

Тогаш таа се одлучила за опцијата по која сите добро ја познаваме.

Ема Стоун