Како правилно да се разладиме кога температурите се во пораст?

Сте слушнале ли за тврдењето дека по жешките периоди не треба да се пијат многу ладни пијалаци, а по ладните периоди многу топли?

Кога надвор температурата е повеќе од 30 степени Целзиусови, а воздухот е тежок и спарен, ние посегнуваме по ладна чаша вода или освежителен сок со мраз за да се разладиме.

Но, дали е ова во ред и какви последици има тоа врз нашето тело?

Ладната вода, посебно онаа која има повеќе мраз, всушност ја забавува хидратацијата на организмот. Затоа се препорачува наместо ладни, да се консумираат пијалаци кои не се ниту ладни, односно имаат просечна собна температура, бидејќи тие многу подобро се апсорбираат отколку оние кои имаат многу високи или пак многу ниски температури.

Доколку пиете многу ладна вода веднаш после оброкот, постои голема можност да настинете дури и кога надвор е топло.

Кога ќе стекнете навика да пиете умерено ладна вода, ќе забележите значително подобрување на варењето на храната, метаболизмот и функцијата на дигестивниот систем.

Пиењето топол чај по жешкото време исто така има свои предности, бидејќи топлите пијалаци го поттикнуваат потењето при што автоматски го разладувате телото, истовремено ослободувајќи го од отрови. Но, топлиот пијалак може да ве разлади само кога надвор нема влага, односно кога воздухот е сув. Ефектот е уште подобар доколку носите облека што не ја задржува влагата, односно која овозможува испарување на потта, а таква е памучната облека.