Дали некогаш сте се запрашале како се презива кралицата Елизабета Втора или кое е презимето на британското кралско семејство.
Историјата е следна.
Пред 1917 година, племствата не користеле презимиња, туку имиња и називот на куќата или династијата која ја претставуваат (како: Тјудор или Јорк).
Во текот на 1917 година, кралот Џoрџ Петти бил на тронот седум години. Одлучил да го промени името на својата куќа Сакс-Гобург-Гота во Виндзор. Го променил називот поради одбивноста кон Германија при почетокот на Првата светска војна.
„Виндзор“ настанал од истоимениот дворец, една од кралските недвижности.
Џорџ Петти нагласил дека тоа мора да стане и нивно официјално презиме. Кралското семејство денес и понатаму е познато како куќата на Виндзор.
Сепак, кога дошла на власт, кралицата Елизабета Втора направила мали измени.
Принцезата Елизабета во 1947 година се омажила за Филип Монтабатен, поранешен данско-грчки принц кој и се придружиl на британската кралска морнарица.
Тој со смртта на таткото на Елизабета станал војводата од Единбург, додека ќерката станала кралицата Елизабета Втора.
Елизабета и Филип во 1960 година одлучиле дека сакаат да го диференцираат своето семејно стебло од останатите и им го додале на своите потомци презимето Монтбатен-Виндзор.
Постои исклучок. Имено, членот на семејството коj се ословува со „Негово височество принц/еза“, не мора да го користи презимето.
А, некои членови на семејството користат и територијални одредници. Принцовите Вилијам и Хари во војска го користат презимето Велс, бидејќи нивниот татко е принц од Велс. Принцезите Јуџин и Беатрис се Јорк, по својот татко, војводата од Јорк.