Како студот влијае на вашето тело

Ниските температури нè прават подложни на вируси и инфекции, но студеното време носи и промени што влијаат на кожата, забите, видот и метаболизмот.

Студеното време обично не држи во затворени простории и нè прави поранливи на вируси и инфекции, но студеното време влијае на нашето тело на повеќе изненадувачки начини. И не сите се штетни за здравјето, пишува „Bright Side“.
Јазикот работи повеќе од вообичаено

Пониски температури и ветрот ги прават усните суви, а потоа често ги лижете усните за да ги навлажните. Иако ова може да ви овозможи привремено олеснување, оваа навика е всушност штетна бидејќи може да доведе до испукани усни.

Плунката многу брзо се суши, па усните остануваат уште посуви отколку што биле. Бидејќи плунката содржи многу ензими кои се премногу груби за нежните усни, тоа дополнително ќе ја влоши состојбата.
Забите можат да болат почесто

Ако имате чувствителни заби, може да почувствувате остра болка во зима кога надвор е ладно.

Студениот воздух може да стигне до нервите длабоко во забот и да предизвика непријатна болка, особено ако глеѓта ви е оштетена.

Стоматолозите препорачуваат да дишете преку нос кога сте на отворено и да ја покривате устата доколку има силен ветер, за да ги заштитите чувствителните заби од студот. Маските сега можат да помогнат кога станува збор за забите.
Студот може да го подигне нивото на шеќер во крвта

Студот го стимулира телото да ослободува хормони на стрес кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Бидејќи физичката активност го намалува шеќерот во крвта, лекарите препорачуваат да вежбате дома во текот на зимата за да го држите под контрола нивото на шеќер.
Може да добиете повеќе брчки

Не можеме целосно да ја обвинуваме зимата за појавата на брчки, но кожата е почувствителна на оштетување во текот на зимската сезона. Бидејќи влажноста во воздухот опаѓа за време на студените месеци, кожата почнува да се суши. Не може да задржи доволно вода, и како резултат на тоа станува сува и склона кон повеќе брчки.
Видот може да се влоши

Честопати забораваме да носиме очила за сонце што блокираат УВ зраци во текот на зимата, но сонцето што се одбива од снегот може сериозно да ги оштети нашите очи.

Тенкиот слој солзарен филм кој ги покрива нашите очи е многу чувствителен на сув воздух и ветер. Лекарите препорачуваат вештачки солзи во зима кога сте надвор.
Дехидрирате побрзо

За време на зимските месеци, ретко се чувствуваме жедни и често забораваме да пиеме доволно вода. Бидејќи се потиме помалку отколку во лето, обично пиеме помалку вода. Само затоа што не чувствуваме жед, не значи дека на телото не му треба вода, затоа треба да пиеме во мали голтки, но почесто.