На улиците во Лондон се одвивала вистинска драма, а главен јунак бил холивудскиот актер Том Харди.
39-годишниот актер забележал двајца крадци како крадат скутер, па одлучил да ја земе правдата во свои раце.
Во меѓувреме еден од крадците бил фатен од полицијата, а Харди тргнал по другиот.
Случајните минувачи биле воодушевени од актерот и велат дека сцената била како од филм, а актерот бил вистински супер херој.