Какви знаци ви дава телото доколку се будите во овие периоди од ноќта

Телото е неверојатен механизам. Во текот на спиењето во него се случуваат бројни хемиски реакции и промени, а голем дел од нив се поврзани со работите кои ги извршуваме преку денот.

Ако неколку ноќи по ред се будите во исто време или пак не можете да заспиете до доцна во ноќта, откријте ја правата причина и дознајте што сака да ви порача вашето тело:
Ако се будите помеѓу 23 и 1 часот

Ова време е поврзано со жолчната кеса. Овој орган ги разградува мастите кои во текот на денот биле внесени во органимот.

Будењето во ова време значи дека јадете претешка и премасна храна и дека е време да ги промените прехрамбените навики.

Исто така, будењето во ова време може да значи и дека во себе задржувате негативни емоции како горчина, гнев и себе-осудување и/или на други. Сопствените или туѓите грешки ве држат будни.
Ако се будите помеѓу 1 и 3 часа

Во ова време се регенерира црниот дроб кој е чистач на нашиот организам. Будењето во овој период од ноќта може да значи дека овој орган ви е преоптеретен и дека работи засилено. Телото ве предупредува да ја промените исхраната и да го намалите внесот на алкохол.

Исто така, будењето во ова време е поврзано и со негативните емоции како лутина, гнев и вина поради што не можете да се опуштите.
Ако се будите помеѓу 3 и 5 часот

Овој период од денот е поврзан со белите дробови кои го апсорбираат кислородот и го испраќаат преку крвта до останатите отгани и го приготвуваат телото за новиот ден. Во овој период белите дробови се чистат.

Ако се будите помеѓу 5 и 7 часот

Ова време е поврзано со дебелото црево кое тогаш се чисти и обновува. Овој процес е многу важен за целиот организам, а будењето во тоа време може да значи дека телото е дехидрирано и дека му недостига вода.

Што се однесува до емоциите, будењето помеѓу 5 и 7 часот наутро е поврзано со чувството на нетрпение, празнина и несигурност. Исто така, тоа може да значи дека во животот ви недостига промена, движење и вложување во себеси.