Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени и со грмежи, но ќе бидат полокализирани.
Преодна стабилизација со пораст на дневната температура се очекува кон средината на неделата, а веќе кон крајот на работната недела се најавуваат нови врнежи.