Меѓународниот ден на жената се слави секоја година на 8-ми март.
Ова е ден за меѓународно признавање на економските, политичките и општествените достигнувања на жените.
На 8 март 1857 година, во Њујорк, жените од текстилните претпријатија излегуваат на протест против лошите услови за работа и ниските плати.
Работничките се нападнати и растерани од полицијата.
Две години подоцна, во истиот месец, овие жени го создаваат својот прв работнички синдикат.
Следните години следуваат други протести, од кои најпознатиот е оној од 1908 година, кога жените организираат марш во Њујорк барајќи пократок работен ден, подобри плати и право на гласање.
Во 1910 година, во Копенхаген се одржала првата меѓународна конференција на жените, на која, по предлог на германската социјалистка Клара Цеткин се прифаќа секоја година да се слави денот на работничките и секоја година да се слави нивната меѓународна солидарност во борбата за рамноправност со мажите во сите јавни сфери на животот.
Во 1977 година, Генералното собрание на ОН ја донесува одлуката 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден за правата на жените и за мир.
Честит 8 ми март!