Кание Вест доживеа нервен слом: Раперот пренесен во болница

Кание Вест бил итно хоспитализиран по откажувањето на 21 концерт од својата северноамериканска турнеја, поради нервен слом.

39-годишниот рапер моментно се наоѓа во клиника во Лос Анџелес, на психијатриско одделение.

Мајк Лопез, портпаролот на Полицијата на Лос Анџелес, изјави дека вчера попладне добиле повик за нарушување на јавниот ред на адреса на којашто се наоѓа еден од имотите на ѕвездата.

По пристигнувањето, тие веднаш повикале и итна помош, а според процедурата раперот бил пренесен со лисици на рацете.

Откажувањето на турнејата на Кание следи по неговиот јавно искажан политички став во средата, дека за него, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е „апсолутно генијален“.

кание вест