Кание Вест е сеуште во болница: Лекарите стравуваат дека би се повредил

Раперот Кание Вест е под постојан надзор на лекарите, бидејќи се стравуваат дека ќе се повреди самиот себе.

Иако медиумите пишуваа дека Кание би можел да ја напушти болницата, познатиот рапер поради лошата состојба и понатаму е под интензивна нега.

Како што пишува магазинот „Пипл“, раперот и порано имал слични напади, но ова сега е многу посериозно.

Кание Вест

„Во болницата беше многу параноичен и е под постојан надзор поради сопствената безбедност“, тврди извор од болницата.

Раперот е сеуште во болница зошто навистина не е добар и не се знае кога ќе биде пуштен.

Кание беше хоспитализиран минатата недела, само неколку дена откако ја откажа својата турнеја „Сент Пабло“.

Кание Вест