Откако ги откажа концертите за турнејата „Saint Pablo Tour“ во Америка, Кание Вест се откажал и од концертите во Европа.
Раперот во 2017 година требаше да одржи концерти во Франција, Германија, Британија, но сега сите настапи се откажани, а се шпекулира дека причина можеби е неговата проблематична здравствена состојба.
39-годишниот рапер има нарушено психичко здравје, а неговите блиски го опишале како „длабоко депресивен и параноичен“.