Крис Џенер, мајката на популарните сестри Кардашијан, одлучила да лансира анимиран филм.
Џенер решила својот и животот на нејзините ќерки да се преточат во цртан филм.
„Крис е убедена дека тоа би бил полн погодок и дека многумина од тоа би профитирале. Многу филмови кои подоцна добиле и анимирана верзија станаа вистински хит како „Ајс Вентура“ и „Враќање во иднината“, изјавил извор близок до семејството Кардашијан.
Иако цртаните филмови се наменети за деца, наводно овој проект ќе бил за повозрасни.