Британската музичка дива Адел минатиот викенд во солзи го прими Гремито за најдобар албум на годината, тврдејќи дека наградата повеќе ја заслужува Бијонсе.
Со мислењето на Адел не се согласува славниот Карлос Сантана кој сосема ја поддржува одлуката на академијата „Рекординг“, заклучувајќи дека Адел е далеку подобра пејачка од Бијонсе.
Славниот музичар со богата кариера со 10 „Греми“ тврди дека бремената Бијонсе е повеќе модел отколку пејачка.
„Со должна почит кон Бијонсе, сметам дека Адел заслужено освои „Греми“, бидејќи таа знае да пее. Бијонсе е многу убава, но нејзината музика е како вид на моделство, музика за моделирање фустани. Секоја чест, но таа не е пејачка.“, изјавил Сантана.