Миранда Кер по втор пат ќе го каже судбоносното „ДА“, овој пат на Еван Сигел, основачот на Снепчет.
Моделот на Инстаграм соопшти дека ја прифатила брачната понуда од момчето со кое е во врска од 2015 година.
Парот се запознаа во 2014 година, а во мај годинава купија куќа вредна 12 милиони долари во Лос Анџелес.
На 26-годишниот Еван ова ќе му биде прв брак, додека седум години постарата Миранда зад себе има брак со познатиот актер Орландо Блум, со кого има син.