Кажете му „НЕ“ на мултитаскингот! Еве зошто!

Поголемиот број луѓе подобро се чуствуваат кога работат повеќе работи одеднаш, меѓутоа колку од тие работи се направени квалитетно?

„Во современиот свет постои мит во кој луѓето веруваат, а тоа е дека сме продуктивни само ако работиме повеќе работи наеднаш.

Но, всушност тие се задоволни бидејќи сметаат дека многу работат, а не дека се продуктивни”, вели еден професор по комуникологија на универзитетот во Охајо.

Психологот Џим Тејлор вели дека треба да го отфрлиме трендот на т.н. мултитаскинг, бидејќи е тотално не продуктивен и на тој начин всушност работите многу повеќе, а извршувате помалку работи отколку кога би ги правеле едно по едно.

Прво, организирајте го својот ден. Напишете се што сакате да завршите, а потоа одредете ги приоритетите. Веројатно сакате да завршите што е можно повеќе работи, но си ја преценувате својата способност. Наместо тоа, започнете да се подценувате, односно да одредите што помалку работи за во текот на денот. На крајот од истиот ќе бидете задоволни бидејќи не сте под стрес, а сте биле поефикасни. Работите кои имаат висок приоритет, односно се поважни морате да ги ставите како приоритет односно први за извршување. Немојте да правите други работи заедно со нив. Потоа почнете да работите на она што е помалку важно. Ако се случат непредвидени ситуации, решете ги по истиот систем – од најважните до помалку важните.

Второ, обезбедете си простор и време во кое без прекинувања ќе ја работите својата работа.

Трето, бидете фокусирани на она што моментално работите и сами контролирајте се. Најпрвин ќе ви биде тешко да го задржите вниманието и концентрацијата на една работа, но со тек на време ќе се навикнете и ќе бидете многу позадоволни со она што сте го постигнале, а веројатно ќе имате и повеќе слободно време.