Групата на Фејсбук, „Купување подарок за полнолетството на Анастасија“, која за кратко време собра повеќе од 250.000 следбеници, беше преименувана.
Момците кои се администратори на оваа група навистина имаат големо срце, па нивната шега на интернет сега ја користат за хуманитарни цели.
Тие групата ја преименуваа во „Хуманитарна организација за Игор Нукиќ“, младо момче кое боледува од леукемија.
Во оваа група има многу членови па секој да донира по некој денар тие веруваат дека ќе му помогнат на Игор да ја победи страшната болест.
Браво момци!